За една година трошоците на животот пораснале за 4,7 проценти

Од:

Трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во декември 2012, во однос на декември претходната година бележат пораст од 4,7 отсто, а во однос на ноември 2012 година нема промена, објави Државниот завод за статистика.

Во декември 2012, во однос на ноември 2012 година, пораст на индексите е забележан во групите облека и обувки за еден  отсто, останати стоки и услуги за 0,6 отсто, мебел, покуќнина и одржување покуќнина и ресторани и хотели за 0,3 отсто, Алкохолни пијалаци, тутун и рекреација и култура за 0,2 отсто и здравје за 0,1 отсто.

Намалување на индексот на трошоците на животот е забележано во групите храна и безалкохолни пијалаци за 0,3 отсто и транспорт за 0,1 отсто.

На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите домување, вода, електрика, гас и други горива, комуникации и образование.

Би можело да ве интересира

Аферата во Украина: Се збогатија купувајќи храна за војската, купија хотели во Хрватска

Изречени 23 парични казни на продавници за храна

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи