За 10 години од Македонија илегално се одлеале 4,6 милијарди долари

Од:

Од Македонија во период од 2001 до 2010 година се одлеани 4,6 милијарди долари, покажа Истражувањето на американскиот институт Адријатик кој го анализираше протокот на „црните” пари на Балканот.

„Македонија загуби 4,6 милијарди долари во периодот меѓу 2001-2010 преку криминал, корупција и даночно затајување од политичари, владини официјални лица. Тоа е голема бројка. Се работи за 44 проценти од бруто домашниот производ во 2011-та“, изјави за Гласот на Америка претставничката на овој институт, Наташа Срдоч.

Вкупната сума на одлеани пари од Балканот изнесува 116,6 милијарди долари.

„Преку облици на криминал, корупција и даночно затајување, мито, има илегално одлевање на пари во различни банки. Мора да се стори нешто за ова. Бројките се шокантни. Тоа значи, помалку пари за образование, здравствена заштита, инфраструктура, пензии. Инвеститорите со чесни намери го одбегнуваат регионот, знаејќи дека нема владеење на правото, независност на судството и заштита на сопственичките права“, вели Наташа Срдоч.

Според Срдоч, проблемот ги пресушува девизните резерви на земјите, ја пумпа инфлацијата и е погубен по инвестициите во регионот.

Би можело да ве интересира

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство

Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје

Што растеше побрзо – платите или цените?

Доналд Трамп назначи бизнисмен со српско потекло за шеф на државната банка

Намален прометот во индустријата