Вуцис: Грција ќе го одложи плаќањето кон ММФ, ако не добие финансиска помош до 9 април

Од:

Грчкиот министер за внатрешни работи Никос Вуцис се закани дека неговата земја може да го одложи плаќањето, што треба да го направи кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) на почетокот на овој месец, јави ТАСС, повикувајќи се на интервју на министерот за германскиот весник „Шпигел“.

Станува збор за кредит во висина од 450 милиони евра, што Атина треба да ги врати до 9 април.

– Од август немаме добиено ниту едно евро. Во светот нема друга држава, што би ги плаќала обврските само од сопствени средства, без да зема кредити, изјави Вуцис.

Ако до 9 април не одобрат нови средства, попрво ќе ги исплатиме пензиите и платите во Грција, а потоа ќе ги замолиме странските партнери за разбирање дека не можеме да ги вратиме во рокот 450 милиони евра од ММФ, истакна тој. Одложувањето на плаќањето треба да биде по договор со кредиторите, истакна министерот, додавајќи дека парите на грчката влада ќе стигнат само до средината на април.

Според Вуцис, првата транша од помошта во вредност од околу 7 милијарди евра од тековната програма може да биде очекуван најрано на почетокот во мај, ако предложените реформи од Грција бидат прифатени од кредиторите. Поради тоа Атина се обидува да добие пари од други извори.

Сакаме да добиеме 1,9 милијарди евра од фондот за спас на банките, кои стојат таму веќе неколку месеци. Владата сака да врати и 1,2 милијарди евра од Европскиот фонд за финансиска стабилност, што се пренесени по грешка, изјави Вуцис.

Според „Шпигел“ ако Атина не го исплати долгот на ММФ до 9 април, тоа ќе биде кршење на правилата на Фондот, што досега се нема случено во неговата историја.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

ММФ: На глобалната економија и се закануваат високи долгови и низок проектиран раст

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

ММФ: Војната во Украина продолжува да предизвикува загуби, ќе трае најмалку уште една година

Горан Наумовски

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели