Втор фестивал на органска храна во Скопје

Од:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска во трговскиот центар Skopje City Mall  ќе го отвори Фестивалот на органска храна што по втор пат се одржува во организација на Град Скопје во соработка со Министерството.

Целта на фестивалот е да ја промовира органската храна и органското земјоделство како важен, перспективен дел на одржливото производство, како и здравиот начин на исхрана. Ќе биде ставен акцент на значењето на користењето органски производи за заштита на биодверзитетот и унапредувањето на здравјето на сите живи организми.

На фестивалот ќе се  претстават македонски производители на органска храна и ќе можат да се дегустираат нивните органски производи.

Би можело да ве интересира

39-годишен скопјанец е пронајден мртов во неговиот дом

Аферата во Украина: Се збогатија купувајќи храна за војската, купија хотели во Хрватска

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Лажен полицаец и дипломат измамија две жени од Скопје, од жртвите земаа милион денари

Горан Наумовски

24-годишен маж крвнички ги истепал децата на партнерката, едно дете е во животна опасност

Посебен режим на сообраќај во Скопје