Вработените во „Еурокомпозит“ од денеска во генерален штрајк

Од:

Околу 380 вработени во прилепската фабрика за наменско производство и еден од загубарите „Еурокомпозит“ од денеска стапија во генерален штрајк. Бараат исплата на четири плати и заостанатите придонеси и решавање на тешката состојба во фабриката.

– Моментално ситуацијата е многу тешка. Неколкупати апелиравме до владата да се изнајде решение. И се уште го упатуваме апелот, вели Бранко Чатлески, претседател на синдикалната организација.

Како што информира Лазо Ангелески, претседател на регионалниот синдикален совет, гранковиот синдикат за енергетика и рударство е во комуникација со надлежните министерства зашто е уверен дека за наменската фабрика има иднина.

Според директорот на „Еурокомпозит“ Никола Лучески, единствен спас е стратегиски инвеститор.

– Последниот тендер минатата недела не успеа. Се јави само една странска фирма и побара документација но и време за да го преиспита бизнис планот. Веднаш е пристапено кон нова тендерска документација, вели Лучески кој нагласува дека фабриката има заостанати долгови од преку еден и пол милион евра од неисплатени повеќегодишни кредити.

Би можело да ве интересира

Маж падна во провалија, со тешки повреди згрижен е во прилепската болница

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница

Истрага за 50-годишен прилепчанец за обид за убиство на социјален работник

А1он

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Тешко ранета е вработена во прилепскиот Центар за социјални работи

Горан Наумовски