Вработените во „Еурокомпозит“ бараат плата и нов директор

Од:

Да им се исплати плата и да биде назначен директор, зашто работат без управни органи, побараа вработените и синдикатот на прилепски „Еурокомпозит“ на денешнарта прес-конференција во кругот на фабриката.

Според претседателот на синдикатот Роберт Богданоски, ништо не е решено со компанијата, а роковите изминуваат.

– Помина месец и половина откако ја зедовме првата плата, а друга плата нема според договорот постигнат со Владата. Освен тоа, работиме, вчера имавме и испорака на произведеното, но немаме директор откако претходниот си поднесе оставка на 29 март. Ниту има назнака дали е профатена оставката. Ништо не е решено од договореното со Владата дека секој месец ќе добиваме плата, а за шест месеци ќе се реши судбината на компанијата и ќе има стратегиски инвеститор. Бараме за два дена да има решение, во спротивно од понеделник ќе продолжиме со протести, блокади, а ќе одиме и пред Владата, изјави Богданоски.

За Лазар Ангелески, претставник на гранковиот синдикат СИЕР при Сојузот на синдикатите на Македонија, беспотребно е загубено времето.

– Работите тапкаат во место. Иако вработените работат, но нема раководство и нема ниту кој да донесе или да потпише одлуки за што било во „Еурокомпозит“. За да се избере директор треба време: прво да се состанат акционерите, па управен одор, па потоа и директор. Нема ниту назнака од пакети за технолошки вишок, всушност, нема кој да ја спроведе постапката. Ова е и еден апел во најбрзо време да се реши ситуацијата, вели Ангелески.

Информација, велат од Синдикатот, е испратена и до Владата, а вработените се подготвени и на колективен отказ ако тоа е решението.

Би можело да ве интересира

Уплатени 1, 7 милиони евра за заостанатите придонеси на работниците од „Еурокомпозит“

Ана Ололовска

Протест на поранешни вработени во „Еурокомпозит“, бараат исплата на придонесите за 6,5 години

Ана Ололовска

Работниците од „Еурокомпозит“ бараат да им се платат заостанатите придонеси и најавуваат протести

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Чулев: Кривична пријава против директорот на „Еурокомпозит“, Златко Гроароски, за злоупотреба на службената положба

Ана Ололовска

Вработените во Еурокомпозит протестираат и прашуваат зошто ги нема во владините мерки за помош

Ана Ололовска

Вработените во „Еурокомпозит“ бараат Владата да каже дали има мерки за нив

Ана Ололовска