Вработени од Еурокомпозит на протест во Скопје

Од:

Вработени од прилепскиот загубар Еурокомпозит се собрани пред зградата на ССМ во Скопје. Најавуваат дека ќе одат пред Собранието, а потоа пред Владата каде ќе постават шатори и ќе кампуваат се додека не им бидат исплатени двете заостанати плати.

Вчера вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев порача дека Владата во наредните пет до шест месеци квалитетно ќе го реши проблемот на вработентите во Еурокомпозит, а во меѓувреме тие ќе ги земаат платите во месеците во кои ќе работат.

– Проблемот со Еурокомпозит се провлекува последните 15 години и не се создаде сега. Вработените немаат земено плата со години наназад и никој претходно не се обидел квалитетно да го реши нивниот проблем. Како Влада имаме донесено одлука Еврокомпозит да стане добро и здраво прептријатие и ќе ги разгледаме сите можности како да стигнеме до тоа, посочи вчера Анѓушев.

Вработените од Еурокомпозит веќе повеќе денови наназад бараат од Владата и вицепремиерот Анѓушев да го исполнат ветувањето што им го дале и да им ги исплатат двете заостанати плати во спротивно најавуваа дека ќе кампуваат пред Владата се додека не биде исполнето нивното барање.

Би можело да ве интересира

Уплатени 1, 7 милиони евра за заостанатите придонеси на работниците од „Еурокомпозит“

Ана Ололовска

Протест на поранешни вработени во „Еурокомпозит“, бараат исплата на придонесите за 6,5 години

Ана Ололовска

Работниците од „Еурокомпозит“ бараат да им се платат заостанатите придонеси и најавуваат протести

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Чулев: Кривична пријава против директорот на „Еурокомпозит“, Златко Гроароски, за злоупотреба на службената положба

Ана Ололовска

Вработените во Еурокомпозит протестираат и прашуваат зошто ги нема во владините мерки за помош

Ана Ололовска

Вработените во „Еурокомпозит“ бараат Владата да каже дали има мерки за нив

Ана Ололовска