„Волстрит журнал“: Државни инвестициски фондови бараат смена на Закерберг

Од:

Неколку државни инвестициски фондови во САД го поддржаа предлогот за отпуштање на Марк Закерберг од функцијата претседател на советот на директори на социјалната мрежа Фејсбук, соопшти весникот „Волстрит журнал“

Секретарот за финансии на Њујорк, Скот Стрингер, кој раководи со пензискиот фонд на државните службеници на градот, како и секретарите за финансии на сојузните држави Роуд Ајленд, Илиноис и Пенсилванија, побараа заминување на Закерберг од раководната позиција на компанијата.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, во денешната изјава тие го поддржаа предлогот од фондот „Трилиум асет менаџмент“ даден во јуни.

-За Фејсбук да излезе од оваа непријатна ситуација во која се најде, и за да ја врати довербата на Американците и инвеститорите потребен е независен претседател на советот на директори, се вели во ссопштението на Стрингер.

Во изминатите неколку години социјалната мрежа се најде во средиштете на неколку скандали поврзани со нејзина злоупотреба, со можна вмешаност во изборите во САД и ширење на лажни информации, до предавање на кориснички податоци на трети лица и пробивање на десетици милиони профили.

Акциите на компанијата од јуни паднаа за 27 отсто, а годинава од Фејсбук заминаа соосновачите на „Инстаграм“ и „Ватсап“.

Сепак, заминувањето од таа функција за Закерберг нема да има никакви последици. Тој контролира 59.9 отсто од акциите на Фејсбук.

На годишното собрание на компанијата во 2017 се гласаше за такво слично решение за поделба на должноста со управување на компанијата за да се подобри нејзиното корпоративно управување. Тогаш, за измени во раководната функција на компанијата гласаа помалку од половина од нејзините акционери.

Би можело да ве интересира

Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат

(ВИДЕО) Трамп: Како претседател мора да го почитувам Уставот на САД и тоа што ќе одлучи Врховниот суд

Горан Наумовски

Поранешен шеф на ЦИА: САД ѝ дадоа на Украина доволно оружје за да „крвави“, но не и да победи

Мали: Вучиќ ја напушти ВМА, тој нема да се предаде

Горан Наумовски

Економска офанзива на Белата куќа, Трамп вложува милијарди, бара пониски каматни стапки

Администрацијата на Трамп го укина безвизниот режим за Романија

Горан Наумовски