Во Владата попладнево координативен состанок околу одлуката за замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот

Од:

Во Владата попладнево ќе се одржи координативен состанок околу замрзнувањето на цените на овошјето и зеленчукот. Состанокот е свикан на барање на премиерот, а на него покрај министерот за економија ќе присуствуваат и директорите на Управата за јавни приходи, Царинската управа и Финансиската полиција.

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференцијата во Владата ги повика увозниците на овошје и зеленчук да присуствуваат на средбата затоа што, како што нагласи, во земјава до крај ќе се почитуваат законите.

– Одлуката почна да се применува вчера за што како Министерство за економија мислиме дека има многу аномалии. Им се заблагодарувам на ланецот супермаркети и на повеќето од пиларите и ги повикам увозниците на овошје и зеленчук да дојдат на средба заради тоа што во нашата држава ќе се почитуваат до крај законите почнувајќи од Царинската управа, Управата за јавни приходи, фактурите кои ги имаат дадено на царините кај соседите и дуплите фактури кои ги имаат дадено во нашата царина. Откако ќе заврши координативниот состанок и ќе ги имаме сите информации, јас ќе ги доставам пред надлежните институциии, рече Бектеши, одговарајќи на новинарско прашање.

Прашан зошто се повлекува гравот и леќата од рафтовите во малопродажба, Бектеши рече дека она што е влезено како производ во земјава, мора да излезе во продажба.

– Таква пракса имаме. Има голема разлика од увозните цени до 28 март и од 28 март до денес затоа да се мислат добро и увозниците и надлежните институции, рече Бектеши.

Би можело да ве интересира

Наместо замрзнување на цените, да се обезбедат подобро платени работни места препорачува Светска банка

Гарантирани цена уште два дена, мерката нема да продолжи

Бектеши: Одлуката за продолжување на рокот на замрзнатите цени дава простор Собранието да го усвои новото законско решение за нефер трговски практики

Стоилковски ги објави цените од владиниот ресторан: Замрзнати цени за министрите

Цените од 1 август ќе бидат референтни за поевтинувањето на прехранбените производи

Катерина Ѓуровски

Да се замрзнат цените на основните прехранбени производи бара Организацијата на портошувачи