Во Шведска најбрз пораст на разликите во приходи

Од:

За мнозинството граѓани на Шведска животниот стандард се подобрил во последните децении, но истовремено е присутен брз пораст на разликите во приходи, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Според најновиот извештај на ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој), меѓу нејзините 34 земји-членки социјалните разлики најбрзо се зголемувале во Шведска. На листата на пошироко рангирање, Шведска сега се наоѓа на 14-то место меѓу најразвиените индустриски земји, при што се посочува дека во 1995 година Шведска имала најмали разлики во приходите во рамки на ОЕЦД.

– Најбогатите десет отсто од населението добиле многу повеќе од другите, вели Ханс Хагеман при шведското Централно статистичко биро за „Свенска дагбладет“.

Според податоците што деновиве ги обелодени шведскиот образовен сојуз „Стопанство и општество“, пред се станува збор за зголемување на приходите од капиталот, какви што се берзанските добивки и заработките од продажба на недвижнини, кои влијаеле на брзиот пораст на разликите во приходи во изминатите 30 години.

Според авторите на извештајот на споменатиот образовен сојуз, доколкујазот во приходите во Шведска продолжи да се зголемува, тоа би можело да биде проследено со „социјални и политички последици“.

Би можело да ве интересира

Шест лица се уапсени за тројно убиство во фризерски салон во градот Упсала

Афтонбладет: Тројца убиени, убиецот избегал со електричен скутер

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Медиуми: Има жртви во денешниот инцидент во шведскиот град Упсала

Горан Наумовски

Оружен инцидент во Шведска, неколку лица се повредени

Горан Наумовски

Нацистички знамиња се појавија во Стокхолм на роденденот на Хитлер

Повеќе од 10 рачни гранати биле пронајдени во ранецот на 15-годишно момче во Малме