Во Швајцарија литар нафта поевтин од литар вода

Од:

Во момент на падот на цента на нафта на светските пазари, во Швајцарија се случи цената за еден литар нафта да биде пониска од цената за еден литар минерална вода, во големите дистрибутивни ланци.

Со оглед на тоа што еден барел нафта содржи нешто помалку од 159 литри, со цена пониска од 60 долари по барел за „брент“ нафта произлегува дека цената за литар нафта е нешто повисока од 37 центи, пишува швајцарскиот весник „24 часа“.

Во супермаркетите на најголемите дистрибутери во Швајцарија, како што се Мигроси Куп, цената на литар минерална вода изнесува 60 центи, наведе весникот, додавајќи дека од нафтата единствено е поевтино пакување минерална вода од 1,5 литри по цена од 25 центи по литар.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Советот на ЕУ го одобри влезот на Швајцарија во „воениот Шенген“

Се расипа жичарница во швајцарскиот ски центар, евакуирани се сите патници од гондолите

Криминалци разнесоа 25 банкомати во Швајцарија

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата