Во Штип презентиран повикот за добивање на грантови од Фондот за иновации

Од:

Фондот за иновации и технолошки развој заедно со Центарот за развој на Источно планскиот регион денеска на штипските компнаии им ги презентираа условите за аплицирање и добивање на грантови од четвртиот повик кој е објавен на 3 февруари, а завршува на 3 мај 2017 година.

Никола Глопчевски претставник од Фондот за иновации и технолошки развој вели дека во овој повик за компаниите има два инструменти: Кофинансирани грантови за старт ап спин оф трговски друштва и Кофинансирани грантови за комерцијализација и иновација.

– За овие два инструменти фондот обезбеди буџет од 1.450.000 евра. Фондот е за околу 25 компании, кои евентуално би ги добиле средствата. Можат да аплицираат компании од било кои области, Фондот не ограничува, не фаворизира никакви компании или дејности. Можат да аплицираат сите, со тоа што би ги поканил сите зиантересирани да ја посетат страна на Фондот, вели Глопчевски.

Тој истакна дека досега 37 македонски компании ги имаат искористено средствата кои ги обезбедува фондот, а најмногу ги искористиле компаниите од ИТ секторот.

Би можело да ве интересира

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски

МВР: Маж со прострелна рана е пронајден во селото Пиперово