Во септември просечната нето плата 27.405 денари

Од:

Просечната нето-плата во септември годинава изнесува 27.405 денари и е за 7,7 отсто повисока во однос на минатогодишниот септември, додека просечната бруто исплатена плата изнесува 40.913 денари и е повисока за 8,2 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето се должи, пред се, на повисоката просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација за 10,6 отсто, во Преработувачка индустрија за 10,2 отсто и во Дејностите на здравствена и социјална заштита за 10 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена нето плата, во однос на претходниот месец има во секторите Земјоделство, шумарство и рибарство за 7,1 отсто, Уметност, забава и рекреација за 6,4 отсто и Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли за 3,2 отсто.

Зголемување на испалатената бруто плата се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Преработувачка индустрија за 10,7 отсто, Уметност, забава и рекреација за 10,6 и Дејности на здравствена и социјална заштита за 10,2 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација за 6,4 отсто, Земјоделство, шумарство и рибарство за 5,4 и Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли за 2,9 отсто.

Би можело да ве интересира

Просечната нето плата во октомври била 42.134 денари

Вработените од „Улици и патишта“ најавија целосна блокада на градот, доколку не земат плата

Протестираат вработени од „Улици и патишта“, бараат исплата на плата и К-15

Во декември ќе се разговара за зголемувањето на минималната плата

СДСМ: Нема повисоки плати за работниците, но има за бизнис класа од 20.000 евра за Мицкоски

Горан Наумовски

Мицкоски: Ја разбирам потребата за зголемување на платите, синдикатите да не наседнуваат на политичките кампањи на СДСМ