Во САД стапи во сила финансиска блокада

Од:

Повеќечасовната тензична политичка ситуација во Сенатот и Конгресот на САД, кои наизменично усвојуваа предлози за буџетот, не заврши со заедничко решение. Двата дома не се согласуваа за само една точка – прифаќање на финансирањето на законот за здравствено осигурување познат како Обамакер.

Со тоа на сила стапи прекин на финансирањето на активностите на федералната влада со што ќе бидат погодени голем број граѓани. Проценките се дека на принуден одмор ќе бидат испратени повеќе од 852 илјади до два милиона буџетски корисници.

Блокадата на Владата ќе влијае и на низа државни активности – од работата на судовите до финансирањето на армијата, полицијата и сите федерални институции.

За време на драматичниот понеделник во Вашингтон, прво Сенатот во кој мнозинство имаат демократите усвои предлог со кој се предвидува финансирање на Обамакер со што беше вратен буџетскиот закон на одлучување  во Конгресот.

По повеќечасовни консултации Конгресот во кој мнозинство се републиканците, почна гласање околу дваесет часот по локално време и по получасовна дебата изгласа нов предлог за буџет кој одлага финансирање на Обамакер за една година. За тој предлог гласаа 228 конгресмени, додека 210 беа против. Меѓу оние кои гласаа за, имаше и девет демократи додека 12 републиканци гласаа против тој предлог.

Сенатот веднаш се состана и во 22.30 по локално време, го одби предлогот на Конгресот со 54 гласа за и 46 против, со што беше вратена својата верзија на предлог за ново одлучување во Конгресот.

Истовремено со гласањето според американски медиуми, имаше и политичко лобирање, а претседателот Обама по телефон разговараше со лидерите на републиканците и демократите во Конгресот и Сенатот апелирајќи да го изгласаат буџетот.

Околу 23 часот Си-Ен-Ен пренесе дека лидерите на републиканците нудат преговори со демократите, но тоа беше одбиено од страна на демократите.

Во меѓувреме претседателот на САД потпиша закон со кој се осигурува припадниците на армијата и крајбрежната стража да добијат плати за време на финансиската блокада на Владата.

По стапувањето на сила на укинувањето на финансирање на Владата, двете страни може да продолжат со преговори и да ја прекинат блокадата во момент кога ќе има договор за буџетот и финансирање на Обамакер. Американската Влада последен пат заради неусвојување на буџет, била блокирана три недели во крајот на 1995 година.

Би можело да ве интересира

Студентот обвинет за палење автомобили на „Тесла“ се соочува со голема затвор

Горан Наумовски

РИА: Статистиката покажува дека САД се три пати повеќе зависни од увоз од Кина отколку обратно

Кина се противи на какви било договори меѓу САД и други земји на нејзина штета

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари