Во САД отворени повеќе работни места

Од:

 Американските работодавачи минатиот месец отвориле значително поголем број работни места во споредба со ноември, покажуваат најновите податоци.

Во извештајот на приватната компанија за вработување АДП се наведува дека работодавачите во декември отвориле 215.000 работни места, што е значително повеќе во однос на ноемвриските 148.000 работни места.

До зголемување на вработеноста дошло пред постигнувањето договор меѓу Конгресот и американскиот претседател Барак Обама за избегнување на зголемен данок за повеќето Американци.

– Пазарот на труд се покажа стабилен во декември, и покрај интензивирањето на преговорите за фискалната бездна, истакна Марк Занди, главен економист на компанијата „Мудис аналитикс“, која заедно со АДП работи на извештајот за вработување во приватниот сектор.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина