Во РЕК Битола пристигнаа првите делови од новиот трансформатор за Блок 3

Од:

Првите делови од новиот трансформатор за Блок 3 на РЕК Битола пристигнаа во комбинатот. Како што беше најавено, првиот дел од долгата композицијата што го пренесува 240 тони тешкиот трансформатор, денес ја помина главната капија на РЕК Битола информираат од компанијата.

– Новиот трансформатор за Блок 3 на РЕК Битола го изработи турската компанија Астор. АД ЕСМ за набавката одвои 6.431.000 евра. Ова е првпат во 40 години постоење на РЕК Битола да се набави ваква постројка. Транспортот на новиот трансформатор за Блок 3 на РЕК Битола е најголемиот и најтежок вонгабаритен транспорт кој воопшто некогаш бил организиран во земјава. Трансформаторот се пренесува со специјална композиција преку копно низ Турција, потоа бродски до солунското пристаниште и од таму повторно по копно до РЕК Битола. За сигурен и безбеден транспорт на трансформаторот преземени се специјални услови за движење, зајакнување на патната инфраструктура на одредени делови на трасата, посебна сообраќајна регулација и управување со мала брзина. Откако сите делови од трансформаторот ќе пристигнат во РЕК Битола, ќе бидат потребни 10-тина дена за негова монтажа и ставање во погон се вели во соопштението од РЕК Битола.

Би можело да ве интересира

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Десетмина обвинети за злоупотреби во РЕК Битола, штетата е речиси три милиони евра

Радиоактивниот фон во РЕК Битола „не бил многу поголем од природниот“

Катерина Ѓуровски

Левица: РЕК Битола повторно го загрози животот на граѓаните со радиоактивен пепел

Горан Наумовски

Директорот на РЕК Битола осомничен за незаконски избор на јавна набавка, Обвинителството бара „замрзнување“ на имот за инволвираните

СДСМ: Не се копа јаглен од Суводол, багерот не работи

Горан Наумовски