Во периодот јануари – март годинава се запишани 1.953 товари врз недвижностите со вкупна вредност од 326.659.594 евра и 3.315.341.507 денари, покажуваат податоците од кварталниот извештај на Агенцијата за катастар на недвижности.
Во Центарот за катастар на недвижности Скопје се впишани 751 хипотека во вредност од 111.754.457 евра и 1.473.285.204 денари.
Во 29. подрачни одделенија за катастар на недвижности (ОКН), пак, се впишани 1.202 хипотеки од 326.659.594 евра и 3.315.341.507 денари.
Во последниот квартал лани Катастарот евидентираше 2.504 товари на недвижности со вкупна вредност од 512.333.563 евра и 2.771.805.684 денари.