Во Македонија се произведува најквалитетната Кока-Кола во светот

Од:

Компанијата Кока-Кола ја рангираше Пивара Скопје АД на прво место во светот според индексот на квалитет на пијалаците што ги произведува.

Ова е вторпат во последните пет години, како Пивара Скопје АД го добива ова највисоко признание за квалитет на пијалаците од портфолиото на Кока-Кола.

Првото место за квалитет на произведените пијалаци во 2012 година, Пивара Скопје АД го добива во конкуренција на пијалаци произведени во повеќе од 600 полнилници во над 200 фабрики на Кока-Кола ширум светот. Исто признание и беше доделено и во 2008 година.

– Квалитетот е наш највисок приоритет, затоа што знаеме дека тој е важен за потрошувачите во над 200 земји ширум светот каде се присутни нашите производи. Љубителите на Кока-Кола во Македонија можат да се гордеат дека токму овде, во Пивара Скопје, се произведуваат пијалаци со највисок квалитет во светот, изјави Шон Лејтон, директор за квалитет на Кока-Кола во Централна и Југоисточна Европа.

Би можело да ве интересира

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство

Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје

Што растеше побрзо – платите или цените?

Доналд Трамп назначи бизнисмен со српско потекло за шеф на државната банка

Намален прометот во индустријата