Во кумановскиот Центар за вработување примени 80-тина апликации за самовработување

Од:

Невработените кумановци, активни баратели на работа, поднеле 80-тина апликации за мерката самовработување, информираа, денеска од Центарот за вработување Куманово. Оттаму појаснуваат дека за оваа мерка можат да аплицираат невработените-активни баратели на работа без оглед на возраст, сите оние кои имаат идеја за отворање сопствен бизнис.

Минатата година, информира в.д. раководителот на Центарот за вработување, Марија Димитриевска кумановскиот Центар за вработување склучил договори со 95 лица за самовработување, со 11 за старт ап и два договори со лица со инвалидитет.

Од кумановскиот Центар за вработување ги повикаа заинтересираните да поднесуваат апликации. Инаку, во тек се и други повици, меѓу кои обука од област на банкарството.
-Со оваа обука на невработените им се овозможува да се стекнат со соодветни вештини и искуства од областа на банкарството. Исто така, доста атрактивна се покажа и активната мерка практиканство со што на младите невработени лица до 29, односно 34 години, им се овозможува да се стекнат со соодветни искуства на одредено работно место и да ја зголемат нивната конкурентност на пазарот на труд и нивната директна вработливост, изјави Димитриевска.

Агенцијата објави дека се во тек и обуките за основни компјутерски вештини, странски јазици, обезбедување, побарувани занимања и стари занаети.

Би можело да ве интересира

Идната недела ќе се знае дали имало пропусти при породувањето на кумановката, новороденчето се уште на респиратор

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Невреме во Куманово, делови без струја, паднати покриви, одрони