Во Куманово формиран Совет за заштита на правата на потрошувачите

Од:

Новоформираниот Совет за заштита на правата на потрошувачите ќе ги разгледува потребите и барањата на кумановци во однос на квалитетот на услугите кои ги нудат јавните претпријатија во градот. Одлуката за формирање на ова тело ја изгласаа советниците на последната седница на Советот на општината.

Во Советот за заштита на правата на потрошувачите членуваат седум члена од кои три правни субјекти, а четири члена се физички лица.

– Првпат е формирано еден вид контролно тело кое со советодавната функција ќе укажува на квалитетот на услугите што ги пружаат општинската администрација, јавните претпријатија, институциите, сето она што е формирано или е под надлежност на локалната самоуправа, изјави претседателката на Советот на општина Куманово Атина Мургашанска.

Советот и останатите локални институции ќе ги следат укажувањата на ова тело за подобрување на квалитетот на услуги што се испорачуваат кон граѓаните.

Членовите на Советот за заштита на потрошувачите имаат мандат од две години. Формирањето на овој Совет го овозможува Законот за локална самоуправа.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра