Во Крим од следниот месец се укинува украинската гривна

Од:

Украинската валута, гривната целосно ќе биде повлечена од оптег на Крим и во Севастопољ од 1. јуни, изјави претседателот на руската држава Дума, Сергеј Наришкин.

Думата на 14. мај ќе ги разгледа измените на федералниот закон за интеграција на Република Крим и градот Севастопољ, како одвоени федерални ентитети.

– Со измените се предвидува скратување на периодот во текот на кој гривната ќе остане во оптек на Крим до 1 јуни 2014 година, изјави Наришкин.

Тој додаде дека финнсиските институции на Крим и Севастопољ ќе бидат подредени на Руската централна банка.

Би можело да ве интересира

Калас: Русија претставува егзистенцијална закана за безбедноста на ЕУ

Трамп: Ќе воведам санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на разговори за Украина

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек