Во јануари просечната нето-плата 21.828 денари

Од:

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари годинава изнесува 21.828 денари и е за 2,3 отсто повисока во споредба со овој месец лани. Просечната бруто-плата, пак, е 32.051 денари и е повисока за 2,6 отсто. Во јануари годинава 1,3 отсто од вработените не примиле плата.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето на нето платата се должи пред се на повисоките исплатени плати во секторотите Други услужни дејности (8,4%), Уметност, забава и рекреација (6,7%) и Дејности на здравствена и социјална заштита (6,1%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата во однос на претходниот месец, е забележано во секторите Стручни, научни и технички дејности (18,2%), Земјоделство, шумарство и рибарство (7,7%) и Преработувачка индустрија (7,1%).

Зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, пак, е резултат на повисоките плати во секторите Други услужни дејности (8,3%), Уметност, забава и рекреација (7,8%) и Дејности на здравствена и социјална заштита (6,4%).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата во однос на претходниот месец има во секторите Стручни, научни и технички дејности (14,9%), Земјоделство, шумарство и рибарство (7,6%) и Преработувачка индустрија (6.9%).

Би можело да ве интересира

Евростат: Најниска плата во Бугарија, највисока во Луксембург

Плата до 5-ти и породилно отсуство од 18 месеци – предлозите на Левица утре на дневен ред

Горан Наумовски

Мицкоски: Дополнителните придонеси што би ги плаќала Владата, не се предвидени во Буџетот

Просечната нето плата во октомври била 42.134 денари

Вработените од „Улици и патишта“ најавија целосна блокада на градот, доколку не земат плата

Протестираат вработени од „Улици и патишта“, бараат исплата на плата и К-15