Во јануари годинава помала потрошувачка на електрична енергија

Од:

Бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија во јануари годинава во Македонија изнесуваше 892.781 мегават часови, што во споредба со истиот месец од претходната година претставува пад од 8,95 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), во бруто-домашната потрошувачка нето-увозот учествува со 26,72, а бруто-домашното производство со 73,28 отсто.

Вкупниот увоз, пак, на природен гас во земјава во јануари годинава изнесуваше 32,262 милиони нормални метри кубни, што во споредба со увозот во истиот период од претходната година претставува пораст од 14,83 отсто.

Најголема потрошувачка на природен гас од 89,23 отсто е забележана за енергетски трансформации, додека за финална потрошувачка остануваат 10,44 отсто од вкупно расположливиот природен гас.

Би можело да ве интересира

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико

Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство