Во јануари деловните капацитети искористени 61,9 отсто

Од:

Во јануари годинава капацитетите на деловните субјекти просечно биле искористени со 61,9 отсто, а податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат недоволната странска побарувачка со 25,1 отсто, недоволната домашна побарувачка со 24,7, недостигот на квалификувана работна сила со 23,6 и финансиските проблеми со 6,4 отсто.

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија, во јануари годинава е повисок во споредба со претходниот месец, како и во однос на јануари 2014 година.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јануари 2015, во однос на декември 2014 година, е поповолна исто како и состојбата со залихите на готови производи и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци.

Економската состојба на деловните субјекти е оценета како поповолна во однос на претходниот месец, а како понеповолна во однос на јануари 2014 година. Оценката за бројот на вработени, пак, е непроменета во однос на декември 2014 година.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он