Во индустријата бројот на работниците во ноември помал за 0,3 проценти

Од:

Бројот на работниците во индустријата во ноември годинава, во однос на ноември лани година, бележи пад од 0,7 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2012 година, во однос на ноември 2011 година, бележи пораст од 9 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 2 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 3,3 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во ноември 2012 година, во однос  на ноември 2011 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,6 проценти, Капитални производи за 9,3 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 7,9 отсто, додека кај Енергија бележи пораст од 9,5 проценти.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – ноември 2012 година , во однос на овој период лани има пад од 2,5 отсто.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он