Во Битола се одржа инфо-настан за искористеноста на ИПА-фондовите

Од:

Општина Битола и НВО Инфоцентар-Скопје, организираа инфо-настан за искористеноста на ИПА-фондовите од страна на локалната самоуправа. Според анализата на НВО Инфоцентар, во минатото општина Битола, покажала низок процент на искористеност на достапните средства.

Според градоначалникот на општина Битола Наташа Петровска, анализата е поука за зајакнување на капацитетите и иницирање на нови проекти.

– Наша цел е како општина да ги зајакнеме капацитетите на општината со што би можеле да бидеме поуспешни, при аплицирањето за средствата што ни се нудат од европските фондови, а притоа, тие аплицирања да завршат со успех и бенефит за целата општина. Токму затоа, анализите на НВО-Инфоцентарот за согледување на постоечките капацитети, меѓутоа и нивните намери потоа да извршат дополнителни обуки, меѓудругото и на општинската администрација, претставува за нас сериозен предизвик и беше исклучително значајно и перспективно. Очекувам дека во следниот период општина Битола, сериозно ќе ги зајакне своите капацитети и дека навистина ќе бидеме многу поуспешни во добивањето на проекти, рече Петровска

Билјана Бејкова, извршна директорка на НВО Инфоцентарот, на инфо-настанот нагласи дека нивните анализи покажале мала искористеност на средствата од европските фондови во Република Македонија.

– Средствата од ИПА-1 само врз основа на договори, процентуално се искористени со 71 отсто, но тоа не го претставува реалниот процент, затоа што иако, договорите се потпишани, голем дел од тие средства се вратени. Следен предизвик е програмата ИПА-2, која има повеќе средства и затоа потребно е да се вложат максимум напори за да се изградат и да се надградат капацитетите, но и стратешките преокупации на локалните власти во однос на искористување на ИПА фондовите, посочи Бејкова.

На инфо-настанот беше посочено дека општина Битола добила потврда за два одобрени проекти и еден европски проект е на резервна листа.

Би можело да ве интересира

Татко од Битола секојдневно си ги тепал и ги малтретирал децата

Битолчанец киднапирал 24-годишна жена и ја тепал

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Поголем дел од Битола без вода за пиење

Катерина Ѓуровски

Пет „Ер трактори“ и еден канадер ќе интервенираат на пожарот во Битола

Пожарите над Битола и кај Радовиш ставени под контрола

Катерина Ѓуровски