Во април повисоки трошоците за зеленчук и овошје, пониски за горивата, облеката…

Од:

Трошоците на животот во април годинава, во однос на претходниот месец бележат раст од 0,1 отсто, а во однос на април лани намалување од 0,1 отсто. Кај цените на мало забележано е намалување од 0,5 отсто во однос на март годинава, а во однос на април лани пад од 1,3 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Пораст на индексите на трошоците на животот во април 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 9,1 отсто, свежото и разладеното овошје за 9 отсто, рибата и морските плодови за 1,2 отсто, сувото овошје и јаткастите производи за 0,9 отсто, јајцата, прехранбените производи неспоменати на друго место, виното за 0,8 отсто, пивото за 0,6 отсто, сирењето и урдата, маслото и маснотиите за 0,5 отсто, лебот и житата за 0,4 отсто, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, жестоките пијалаци за 0,3 отсто и јогуртот за 0,2 отсто.

Во април 2020 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај телефонската и телефакс-опремата за 2,6 отсто, обувките за 1,8 отсто, резервните делови и приборот за сопствени превозни средства за 1,1отсто, малите електрични апарати за домаќинствата, другите медицински производи за 0,4 отсто и снабдувањето со вода за 0,3 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот во април 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај газираните пијалаци за 0,3 отсто и помалку масното млеко за 0,2 отсто.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за домаќинствата за 20,3 отсто, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 17 отсто, гасот за домаќинствата за 7 отсто, информатичката опрема за обработка на податоци за 3,3 отсто, моторните возила за 1,4 отсто, игрите, играчките и хобијата за 1,2 отсто, облеката, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,5 отсто, фармацевтските производи, електричните апарати за лична хигиена за 0,4 отсто.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он