Во 2017 регистрирани 1.967 странските филијали во домашниот нефинансиски деловен сектор

Од:

Државниот завод за статистика денеска објави дека во 2017 година, 1.967, односно 3,6 проценти од вкупниот број 55.359 претпријатија што работеле во рамки на нефинансискиот деловен сектор, биле странски филијали, односно домашни претпријатија контролирани од нерезидентни институции. Во нив биле ангажирани 18,7 проценти од вкупно вработените, кои реализирале 36,8 проценти од вкупниот промет, односно создале 31,4 проценти од вкупната бруто-додадена вредност во набљудуваниот опфат.

Во однос на 2016 година, забележан е пораст на бројот на претпријатијата под странска контрола за 7,6 проценти, на вработените за 16,7 проценти, прометот за 15,9 процџенти, а на додадената вредност за 7,9 проценти.

Странските филијали бележат активност, главно, во секторите: трговија на големо и мало; поправка на моторни возила со 34,2 процента, преработувачка индустрија со 15,6 проценти, стручни, научни и технички дејности со 11,8 проценти и информации и комуникации со 10,1 процент.

Притоа 57,3 проценти од странските филијали биле контролирани од земјите на ЕУ, но од големо значење е и учеството на странските филијали од Турција со 12.3 проценти, Србија со 8,6 проценти и Швајцарија со 3,9 проценти.

Во странските филијали, биле ангажирани 72 928 вработени, од кои 72,1 процент во филијалите на земјите од ЕУ.

Бруто-додадената вредност создадена од странските филијали учествува во вкупната додадена вредност со 31,4 проценти, од кои 16,8 проценти во индустријата (12,6 проценти се во преработувачката индустрија, а 2,5 проценти во енергетскиот сектор, трговијата со пет проценти, градежништвото со 1,8 проценти, додека услугите учествуваат со 7,8 проценти, главно, како резултат на активностите во секторот информации и комуникации со 4,6 проценти.

Би можело да ве интересира

Намален прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун

Вкупната трговска размена лани 20.424.810 илјади евра, трговскиот дефицит 3.825.646 илјади евра

Нови 40 компании се приклучија на балансната група на „РЕС“

Данас: Српскиот извоз во Русија во јуни е зголемен за 30 отсто во однос на истиот месец лани

Осигурителите го зголемија просторот на ризични области во Црното и Азовското Море

А1он

Почна примената на Договорот за поедноставен транспорт на храна меѓу Македонија, Србија и Албанија

А1он