ВМРО-ДПМНЕ: Земјоделците за време на СДСМ се борат за својата егзистенција

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес конференцијата на Љупчо Николовски.

„СДСМ е вистинска непогода за македонското земјоделие. Мерката која ја промовираше Љупчо Николовски е задоцнета и не е доволна да ја покрие штетата која се нанесе на производителите на домати.

Раноградинарските култури имаат најниски откупни цени во историјата. Требаше повеќе од половина од родот од доматите да заврши на буниште за на Николовски да му текне да интервенира.

Им ветуваа на земјоделците сигурен пласман и повисоки откупни цени, но откако се на власт ниту има загарантиран пласман, ниту повисоки откупни цени. Земјоделците за време на СДСМ се борат за својата егзистенција.

Во оваа година откако е СДСМ на власт земјоделците се соочуваат со најниски откупни цени во историјата и премногу лош пласман на земјоделските производи. СДСМ со негрижата за земјоделието ги остави земјоделците наместо на пазар родот да го фрлаат на буниште.

Никаде го нема интервентниот фонд од 10 милиони евра кој толку многу го најавуваа, субвенциите ги намалија, а зелената нафта се уште ја нема исто како што нема ни отворено нови пазари.

Време е СДСМ да престанат да бидат салонска влада и да излезат на терен за да ги видат нивните катастрофални политики кои секојдневно им нанесуваат штета на земјоделците.

Владата на СДСМ веднаш да ги постави идните чекори за идните култури за да може земјоделците да имаат повисоки откупни цени, а земјоделските производи повеќе да не завршуваат на буниште. како досега.

СДСМ го доведе македонското земјоделие на работ на пропаст, а земјоделците едвај преживуваат. СДСМ не смее да манипулира со земјоделците. Македонките земјоделци заслужуваат сигурен пласман и достоинствени цени за нивните производи. Време е СДСМ да си замине, за Македонија да продолжи напред“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад