ВМРО-ДПМНЕ: Заев повторно пред избори се сети да го посети Охрид и да ги лаже луѓето како во 2016 и во 2017 година

Од:

„Аболицираниот криминалец Зоран Заев повторно пред избори се сети да го посети Охрид и да ги лаже со луѓето со истите лаги како и во 2016 и во 2017 година. Без срам и перде пак ветува економска година како и мината и предминатата, а донесе корупција на полошо ниво од африканските земји. Токму криминалниот картел во услови на најголем буџет не успеа да донесе реализација ниту на 50% од капиталните инвестиции. Тоа значи дека сите пари на граѓаните, но и парите со кои безмилосно ја задолжуваа државата отишле за грантови на семејни фирми на партиски функционери, за вработување на мајки, синови, ќерки и фризерки на врхушката на СДСМ, за купување на лубриканти и фотељи со телешки кожи

Нема ниту покачување на плати, ниту повисоки пензии, ниту странски инвестиции, ниту нови работни места во реалниот сектор. Оваа Влада донесе само црнила, нарушено достоинство и економски крах.

Денешната трибина во Охрид му беше нова предизборна корупција, нови лаги и манипулации. Впрочем и зачмаените лица на присутните на трибината говорат сами за себе за тоа колку му веруваат на Заев и неговите зборови. Човекот кој се колнеше во своите деца дека нема да го смени името, граѓаните веќе не може да го слушаат. Охрид знае дека, а зине Заев, а излаже. Единствено на кое треба да веруваат е дека е силно заинтересиран за охридската касарна, на која и фрлил око исто како што и фрли око и на струмичката касарна“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на премиерот Зоран Заев изнесени на трибината во Охрид.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цената на автопатот Кичево – Охрид, СДС и ДУИ ја зголемиле за 200 милиони евра без образложение

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Владата на СДС и ДУИ ги заглави Национални шуми, еден милион евра ненаплатени побарувања, за 800.000 нема никакви податоци

Николовски за 100 дена Влада: Нула мерки и закочени субвенции

Катерина Ѓуровски

Лефков: ДЗР констатира Владата на СДС и ДУИ со авторски договори ангажирала лица кои не вршеле работа од тој тип, ниту имало потреба за тоа

Тренчевска: Платите се намалуваат, се враќа политиката на евтина работна сила

Катерина Ѓуровски

Лефков: Владата на СДС и ДУИ вршела исплати кон добавувачи за проекти без целосни информации дали средствата се искористени за намената која требало

Катерина Ѓуровски