ВМРО-ДПМНЕ: Заев и неговото економско цунами можат да се пофалат само со тоа дека без мерка ги задолжуваат граѓаните

Од:

„Ширењето на сопствените бизниси е единствениот интерес и ангажман на Заев и Анѓушев. Буџетот и националната економија за нив се само алатка за лично богатење. Државата осиромашува, а тие се богатат.

Економското цунами Заев, Анѓушев и Тевдовски безмилосно ја пустоши македонската економија. Додека целиот регион и Европа имаат забележителни стапки на раст на БДП, Македонија е на дното во Европа со катастрофални 0.1%.

Државниот завод за статистика ја потврди лошата економска политика на СДСМ. Градежништвото забележува пад од 37% што е доказ за неработењето на Владата предводена од картелот на Зоран Заев.

Во соседството сите земји се подобри од Република Македонија. Србија има раст од 4.6% или 46 пати поголем од тој на Македонија. Бугарија има 35 пати поголем раст, Хрватска со 25 пати, Полска со дури 51 пати поголем раст од Република Македонија.

Зоран Заев и неговото економско цунами можат да се пофалат само со една работа а тоа е дека без мерка ги задолжуваат граѓаните. Само во првиот квартал од 2018 година граѓаните на Република Македонија се задолжени со повеќе од 300 милиони евра, а притоа не е обезбеден раст на БДП.

Владата на Заев нема капацитет како да се справи со предизвиците и проблемите во економијата.

Нема нови инвестиции, нема 500 евра плата, нема 100.000 денари плата за лекарите, нема поврат на 15% ДДВ, нема социјална помош од 12.000 денари, бесплатно болничко лекување, и нема 600 километри нов автопат и 550 километри магистрални патишта.

Се што кажаа се излажаа. Економската клима се влошува. Македонската економија е во критична состојба, текстилниот сектор е пред колапс, градежништвото во слободен пад, земјоделието на колена.

Резултатите на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 12 години ги почувствуваа сите граѓани. Се отворија над 170.000 нови работни места, огромен број на странски компании.

Овие погубни политики мора да престанат.

Картелот на власт мора да падне.

Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори заедно со претседателските, техничка влада 100 дена пред избори и претседател на ДИК по предлог на опозицијата. Само така ќе се креираат еднакви услови за фер избори.

Република Македонија заслужува подобро. Граѓаните заслужуваат подобро“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Седум години СДС и Филипче беа фабрика за скандали и афери, СДС е во целосен хаос и без компас

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Кузеска: 100 дена Влада а 300 скандали, најмногу во МВР

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше фатен и со матен тендер за стерилизацијата која е клучна во медицината

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ