ВМРО-ДПМНЕ: Зад раскинување на договорот со МЕПСО стои намерата на Анѓушев да си заштеди 233 илјади евра свои пари

Од:

„Денес се случи огромно лицемерие кое говори за криминогеноста и расипаноста на члениците на владата на СДС.

Имено беше соопштено дека една од многуте компании на вицепремиерот Анѓушев поради наводна коректност се повлекува од бизнис зделката со АД Мепсо и испорака на струја. Она што всушност се крие за ваквата одлука не е политичката коректност, туку напротив желбата на Анѓушев да заштеди 233 илјади евра сопствени пари. Имено во ноември неговата компанија ЕДС се обврзала да го снабдува МЕПСО со струја чија вредност тогаш изнесувала 39.65 евра за мегават час. Сега таа изнесува речиси двојно повеќе односно 60.14 евра за мегават час, поради што Анѓушев несакајќи да намали од профитот, и заштеда на проектираната загуба од 233 илјади евра која ќе ја направи поради скокот на цената на струјата бара спогодбено да го раскине договорот со МЕПСО.

Зад раскинување на договорот со МЕПСО стои намерата на тендерашот Анѓушев да си заштеди 233 илјади евра свои пари.

Дополнително скандалозно е што денес ЕЛЕМ раководено од тандемот балкански мешетари Обрадовиќ Башановиќ објави тендер за набавка на скапа струја вредна 2 милиони евра. Тоа значи дека има недостиг на струја, а тој неодстиг ќе го платат граѓаните“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ шверцерски протна две нови висококатници во Аеродром

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески