ВМРО-ДПМНЕ: За само 11 месеци СДСМ ги задолжи граѓаните за 1,65 милијарди евра

Од:

„Долгот вртоглаво расте, а расипничкото работење на владата на СДСМ резултира со нови кредити кои граѓаните ќе ги исплаќаат со стотици милиони евра. За прв пат во македонската историја државниот долг го премина прагот од 4 милијарди евра и тоа токму во времето на владата на СДСМ.

Владата на СДСМ за само 11 месеци успеа да ги задолжи граѓаните за неверојатни 1,65 милијарди евра. За целиот период на владеење на СДСМ реализацијата на капиталните проекти е катастрофална. Засега за првото тримесечие реализацијата на капиталните инвестиции се мизерни 7,4 проценти. Логично прашање кое следува е за што СДСМ потроши огромна сума од 1,65 милијарди евра, а притоа не реализираше ниту еден крупен капитален проект?

Државниот долг со последното задолжување стигна до цифра од 4 милијарди и 40 милиони евра, додека јавниот долг се приближува до цифрата од 5 милијарди евра.

Картелот наречен влада на СДСМ постојано лаже и манипулира со бројките. Картелот манипулираше со висината БДП и на тој начин се обиде да прикрие долг од 62,4 милиони евра, а со тоа 85,5 милиони евра од јавниот долг.

Црното економско трио Заев, Анѓушев и Тевдовски лаже, а СДСМ не може со провизорни соопштенија да ја сокрие вистината од граѓаните на Република Македонија.

Повисоки плати нема, повисоки пензии нема, ниту пак има зголемен број на капитални инвестиции, а задолжувањето расте.

Ова економско цунами мора да си оди пред да колабира македонската економија и стопанство. А кога ќе си замине СДСМ и функционерите на власта ќе одговорат на што ги потрошија милионите евра со кои ги задолжија македонските граѓани“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Седум години СДС и Филипче беа фабрика за скандали и афери, СДС е во целосен хаос и без компас

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Кузеска: 100 дена Влада а 300 скандали, најмногу во МВР

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше фатен и со матен тендер за стерилизацијата која е клучна во медицината

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ