ВМРО-ДПМНЕ: Во време на криза ТИРЗ троши 23,6 милиони на сомнителен и непотребен тендер

Од:

„Во услови на криза не престануваат непродуктивните трошења на власта на СДСМ и ДУИ. Последен во низата случаи е скандалозното трошење на ТИРЗ во вредност од 23.6 милиони денариза јавна набавка насловена: „Мониторинг на договорите на државна помош”, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Било која државна помош што ја дава државата или институциите е контролирана согласно постојните законски решенија и институции и нема потреба од дополнително ангажирање на субјекти за оваа работа. Очигледно власта сака на овој начин да испумпува пари во време кога народот едвај врзува крај со крај.

Еве ја причината зошто стопанството тоне а граѓаните осиромашуваат. Парите од буџетот безмислосно се трошат преку вакви сомнителни тендери.

Наместо парите да завршат за помош на граѓаните кои се соочуваат со двоцифрена инфлација, наместо да се даде поголема помош на компаниите кои ги остават на цедило, наместо повеќе пари за земјоделците, просветарите, работниците, парите власта ги расфрла на сомнителни и крајно непотребни тендери.

Премногу е! Време е за промени. Народот на протест на 18-ти јуни ќе каже гласно дека е за предвремени избори и промена на оваа недомаќинска, неодговорна и криминогена власт на СДСМ и ДУИ“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски