ВМРО-ДПМНЕ: Власта со таканаречениот „солидарен данок“, сака да ги одере фирмите, за да има повеќе пари за криминални тендери

Од:

Наместо да се бори против сивата економија, владата со новиот данок ќе земе арач од лојалните фирми на државата, кои си ги плаќаат редовно даноците, а со тоа дополнително ќе ја стимулира сивата економија. Ваквата мерка не е солидарност туку арамилук.

Со новиот данок, каде е предвидено дупло оданочување на компаниите, не се опфатени компании, кои лани биле основани. Токму минатата година беа основани фирми, кои се занимаваат со продажба на струја и за краток период остварија милионски суми на добивка, а јавноста многу добро знае чии роднини и пријатели на функционерите од ДУИ и СДС ги основаа овие фирми.

Истовремено, целта е да се соберат што повеќе средства од овие лојални компании, за да имаат Ахмети и Ковачевски тендер плус, во овие останати неколку месеци, да се нафатираат со уште некој милион плус, за нив и нивните роднини.

ВМРО-ДПМНЕ веднаш по преземањето на власта, ќе го поништи овој штетен закон за компаниите и државата, соопштуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Жално е што политичките приврзоци најдобро се снаоѓаат во улога на сервилни помошници

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Владата засилено работи за Македонија да биде најдобра по раст во целиот регион

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Дали Венко Филипче му се восхитува на Заев за грабежот кој го направи?

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Работниците се темелот за иднината на Македонија