ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ ја зголеми сиромаштијата на 22 отсто

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Јагода Шахпаска од СДСМ.

„Владата предводена од СДСМ откога е на власта успеа да ја зголеми сиромаштија на 22%.

Иако тие ветуваа живот за сите, сепак околу 460.000 граѓани во државата живеат на работ на сиромаштија.

СДСМ ветуваат зголемување на приходот на социјалните случаи, а не излегуваат со точни информации колку точно ќе изнесува приходот со покачувањето кое го најавуваат.

Царовска најави социјална помош во вредност од 12.000 денари, односно изедначување со минималната плата, а сето тоаа ќе има катасрофални последици бидејќи со тоа ги обесхрабуваат оние кои што сакаат да работат, а со тоа да стекнат работни навки, кфалификации.

Царовска го укина родителскиот додаток за трето дете, што беше проект на ВМРО-ДПМНЕ со цел да се зголеми наталитетот во државата.

Ваквото владеење на СДСМ во државата мора да прекине. Колку побргу СДСМ си замине од владеење, толку побргу Македонија ќе може да оди напред“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата засилено работи за Македонија да биде најдобра по раст во целиот регион

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Дали Венко Филипче му се восхитува на Заев за грабежот кој го направи?

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Работниците се темелот за иднината на Македонија

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ