ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС преку Драган Миновски сака да се испере за скандалозните тендери во ЕЛЕМ

Од:

„Владата на СДС преку Драган Миновски сака да се испере за скандалозните тендери во ЕЛЕМ, кои ги добиваат фирмите на вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Ниту една бледа прес конференција нема да ги покрие скандалите на Зоран Заев и Кочо Анѓушев. Прес конференција на Миновски претставува обид за грубо манипулирање и дезинформирање на јавноста.

Загрижува фактот за непознавањето на материјата и не снаоѓањето во менаџирање на компанијата.

Катастрофално е раководењето во овие 50-тина дена на новото раководство на компанијата ЕЛЕМ, откако истата ја превземаа во одлична финансиско техничка кондиција.

Фактите го демантираат Миновски.

Имено, новото раководство на СДС го превзема раководењето со компанијата ЕЛЕМ со 0 долгови кон коминтентите и вработените, а на сметката на компанијата, вклучително и депозитите во домашните комерцијални банки наследи преку 25 милиони евра.

Комплетно погрешна е тезата дека со овие средства ќе се сервисираат оперативните трошоци за ремонти, ископи на јаглен и јеловина како и за сервисирање на обврските кон банките. Секогаш во минатото, сите претходни раководства овие расходи ги сервисирале од тековното работење, а депозитите биле наменети за финансирање на нови развојни проекти.

Доколку новото раководство бара алиби да ги пренамени депозитите во тековната ликвидност тогаш тоа подразбира свесно уништување на компанијата.

Груба манипулација е тврдењето дека ненаменски се празнеле хидроцентралите. Вистината е дека оваа година имаме историски најмал доток, а производството во хидроцентралите е нешто над 50% од планираното. Миновски може да ги погледне бројките од диспечерскиот извештај на Мепсо. Истите го демантираат.

Исто така не се точни тврдењата на Миновски дека имало рекордно намалено производство на електрична енергија. Имено доколку се спореди реализираното со планираното производство, лесно може да се забележи разликата. Произведено е за 6,5% електрична енергија повеќе од тоа што е планирано. Барање на алиби за увоз на електрична енергија со однапред познат увозник е погрешен потег.

Доколку новото раководство на ЕЛЕМ предводено од СДС не успева да се снајде со менаџирање на компанијата, им стоиме на располагање за што е во интерес на компанијата и граѓаните да им помогнеме, се разбира про боно“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Драган Миновски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС