ВМРО-ДПМНЕ: Владата да одговори зошто на шверцерски начин турка ребаланс на буџетот

Од:

„Владата да одговори дали полноќното шверцерско носење на ребаланс на буџетот значи прикривање на матните бизниси и економијата пред банкрот

Владата која лажно се преставува за транспарентна, на шверцерски начин далеку од очите на јавноста на нетранспарентен начин скрои ребаланс на буџет кој преставува покривање на матните бизниси и нерентабилната презадолжена економија. Повеќе ни огромното задолжување не може да ги покрие криминалите на владата.

Владата треба да одговори зошто на шверцерски начин турка ребаланс на буџетот, дали ова значи дека прикриваат траги од незаконско работење, дали поради катастрофалното работење на владата во опасност се доведени редовните исплати на пензии и социјални трансфери? Дали економијата е пред банкрот?

Нема ниту едно остварено ветување. Да потсетиме ние сме економија со капитални инвестиции од енормно ниски само 23.3 отсто за повеќе од половина година, со пад на градежништвото од минус триесет отсто, без нови странски инвестиции, и со девизен прилив на странските инвестиции донесени од владата на ВМРО-ДПМНЕ со енормно задолжена економија од 5.14 милијарди евра“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС