ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ народот е се посиромашен, АД ЕЛЕМ понуди 17% поскапа струја

Од:

„Струјата која АД ЕЛЕМ ќе ја продава кон ЕВН, а тие понатаму ќе им ја препродаваат на домаќинствата е 48 евра по мегават час. Тоа се 17% повеќе од до сега. Дополнително се става под знак прашалник како и дали АД ЕЛЕМ ќе ја покрие разликата помеѓу произведената струја и потребната за испорака“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Само во последните 7 месеци потрошени се 200 милиони евра за купување струја од берза. АД ЕЛЕМ не произведува доволно, па мора да купува струја и по 250 евра за мегават час.

Сето ова ќе се спречеше, ако во РЕК не се крадеше од тендери, и наместо увоз на јаглен од други држави се инвестираше во домашни ископи и функционални блокови.

Дополнително ако власта одговорно се однесуваше со хидропотенцијалот, сега акумулациите ќе беа во подобра сосотојба.

Негрижата на СДСМ за енергетската стабилност на земјата комбинирана со крадењето во енергетските претпријатија резултира со 200 милиони евра платени за скапа струја директно од буџетот на државата и поскапи сметки за народот“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот