ВМРО-ДПМНЕ: Со покачување на акцизата СДСМ директно удира по џебот на граѓаните

Од:

„СДС со покачувањето на акцизата за нафтата директно удира по џебот на граѓаните. За жал поскапата нафта највеќе на свој грб ќе ја почувствуваат земјоделците, сите превозници, таксисти, камионџии и останати, но за жал и над 200.000 граѓани кои возат дизел возила.

Предупредувањата на ВМРО-ДПМНЕ за неумешноста на владата на СДС да управува со државата за жал станува сурова реалност.

Така на пример земјоделците кои одгледуваат ориз, трошоците при обработка на секој еден хектар насад ќе им се зголемат за 600 денари и тоа само поради покачувањето на акцизата за дизел горива. Дизел горивото како што знаеме тие го користат при орањето, при танирање, при валирањето, при жетвата, но и при превозот на готовиот производ, 600 денари повеќе трошок во услови кога СДС најавува укинување или намалување на субвенциите.

Истите и сличните примери се и кај таксистите и превозниците со камиони. Ако еден камион троши околу 40 литри дизел на 100 километри, новата цена на акцизата ќе значи дека камионите ќе трошат 150 денари повеќе на секои изминати 100 километри. Ако камионот вози 500 километри дневно, низ Република Македонија, тоа се дополнително 750 денари повеќе дневно, или месечно скоро поголем трошок од речиси 20.000 денари.

Сличен случај и кај таксистите. Така ако еден таксист поминува 200 км на ден, трошокот се зголемува за 50 денари секој ден, или над 1.500 денари месечно.

Ваквата мерка на владата на СДС ќе донесе низа покачувања на јавниот превоз, ќе донесе во такси превозот, на земјоделските намирници и култури и готовите производи. Но за жал ќе донесе до покачување на сите гранки поврзани со дистрибуцијата. Со еден збор поскапување на се и вовед во инфлација.

Замислете, владата која секојдневно се задолжува со стотици милиони, владата која покачува акцизи на дизел гориво нема реализирано ниту еден проект во корист на граѓаните. Сето ова не воведува во едно ново сценарио, многу суптилно веројатно и нова платформа за економско осиромашување на граѓаните на Република Македонија во пресрет на нови активности кои што треба допрва да се случат.

Господа од СДС, граѓаните не се должни за вашата неспособност и луксузирање да плаќаат дополнителни трошоци и да осиромашуваат“, изјави Лазар Поповски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН на прва средба за формирање на владата

Катерина Ѓуровски

Првата средба за договор за Влада, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ќе ја имаат утре

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата