„Картелот на власт на чело со Зоран Заев ги осиромашува граѓаните. Зголемувањето на акцизата на дизелот за 3.5 денари е директен удар врз најсиромашните.
ВМРО-ДПМНЕ бара покачувањето кое го воведе СДСМ да се укине. Бидејќи оваа економска катастрофална политика е против интересите на граѓаните и е на удар на џебот на најсиромашните.
Наместо живот донесоа беда. Откако криминалниот картел ја води државата цената на дизелот порасна од 46 на 60 денари, односно за цели 30%.
Граѓаните од картелот на власт видоа само планови за поскапување, зголемување на трошоци за живот и осиромашување на граѓаните.
Покачувањето на акцизата на дизелот ќе ги чини граѓаните и стопанството директно над 40 милиони евра годишно, додека индиректните покачување на голем број на производи, што се случија, е уште повисоко.
На удар се граѓаните кои имаат дизел возила, земјоделците, таксистите, автопревозниците, транспортерите и други сврзни гранки. Последиците врз економијата веќе се чувствуваат.
11 месеци власт на криминалниот картел е еднаков на 11 месеци катастрофа, лицемерие, неработа и неодговорност.
СДСМ не знае да работи. Полза од владеењето на СДСМ имаат само неколку фамилии блиски до врвот на картелот на власт“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.