ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ манипулира за цените на енергенсите

Од:

ВМРО-ДПМНЕ одговори на обвинувањата што ги изнесе СДСМ. Од владејачката партија тврдат дека најголемата опозициска партија свесно манипулира со цените на енергенсите во Македонија.

„Тие се свесни дека цените на енергенсите се диктирани од светските пазари и Македонија нема можност да влијае врз нив. Со оглед на тоа дека немаат конкретен аргумент, освен паушалните обвинувања, се потврдува фактот дека СДСМ за секоја ситуација сака да го обвини ВМРО-ДПМНЕ. Останува уште да чуеме дека сме виновни и за војната во Сирија или должничката криза во Грција”, иронизираа од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, на обвинувањата искажани од социјалдемократскиот застапник во Град Скопје, Александар Наумоски дека Владата не сторила ништо за да ги заштити граѓаните од според него нереалните зголемувања на парното греење со одлука на Регулаторната комисија.

„Она што малку може да се направи во сферата на цените на енергенсите, оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ го прави и тоа во насока на намалување на последиците од штетните потези, кои СДСМ во минатото ги направиле”, велат од владејачката пaртија.

Аргументираат со одлуката на Владата со која се намалуваат цените на огревното дрво за 10 отсто за сите граѓани и за 20 отсто за корисниците на социјална помош, како и дека дополнително ја зголеми и сумата за проектот енергетска сиромаштија за 17 проценти, со кој државата ја покрива сметката за струја на социјално најзагрозените семејства до 700 денари.

Тие го потсетуваат Наумоски, дека штетите по стандардот на граѓаните во Македонија биле предизвикани од распродажбата на ЕСМ, „поради што денес граѓаните ги чувствуваат последиците преку повисока цена на електричната енергија”.

„Тој бонбона бизнис на СДСМ, денес сите ние горчливо го чувствуваме. Трајни последици остави и трансформацијата на Топлификација, чија приватизација започна во времето на СДСМ. Оттука одговорот за самоволието на оваа сега приватна фирма, треба да го побара кај својот шеф, кој го осмисли и спроведе процесот на криминалната транзиција”, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија ги повикаа СДСМ да имаат доблест и да им се извинат на македонските граѓани за нивнтие погрешни потезите кои ги презеле во сферата на енергетиката, коишто според ВМРО-ДПМНЕ се главната причина поради која граѓаните плаќаат поскапи цени на топлинската и електричната енергија.

Би можело да ве интересира

Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, неврохирургот на Заев и 40 потрчковци е само синоним за починати граѓани и криминал

А1он

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

А1он

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Денешниот конгрес е нов почеток, нова борба, нова надеж дека можеме да ја вратиме партијата на победнички патеки

А1он