ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја призна својата некадарност

Од:

„СДСМ ја призна својата некадарност. Еден од двата функционални блока во РЕК Битола од синоќа е надвор од функција. РЕК Битола губи по 7.600 евра на час поради непроизводство на електрична енергија. Дневните загуби се повеќе од 182.000 евра и тоа само поради неспособноста на картелот.

Раководството на АД ЕЛЕМ е целосно неспособно, повеќе од една година АД ЕЛЕМ неефикасно се манаџира. Вториот блок, на кој пред само десетина дена е извршен неколку милионски ремонт втор пат паѓа од мрежа.

Раководните кадри на СДСМ во енергетиката се неспособни и не знаат да управуваат со енергетските капацитети. Блоковите работат на граница на технички минимум, бидејќи и блокот кој сега е во погон има технички проблеми , кои во секој момент може да доведат до испад.

До кога парите на граѓаните ќе се трошат на ремонти и поправки поради неспособноста на власта.

Заради неодговорноста на раководството на РЕК Битола, се уште не се знае кога вториот блок ќе биде ставен во употреба. Истовремено, во опасност е и третиот блок на РЕК Битола, кој што подолго време работи надвор од сите технички прописи.

СДСМ покажа дека не знае да управува со енергетските постројки во Република Македонија. СДСМ е елементарна непогода за енергетиката. Неодговорното однесување и не работа кои одат на штета на граѓаните мора да запрат. Граѓаните на Република Македонија заслужуваат подобро. Македонија ќе победи“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Седум години СДС и Филипче беа фабрика за скандали и афери, СДС е во целосен хаос и без компас

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Кузеска: 100 дена Влада а 300 скандали, најмногу во МВР

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше фатен и со матен тендер за стерилизацијата која е клучна во медицината

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ