ВМРО-ДПМНЕ: СДС троши пари безмилосно, а граѓаните од тоа немаат никаков ќар

Од:

„Во рок од два месеци владата на СДС стопи 126 милиони евра од девизните резерви и се задолжи над 100 милиони евра само по основ на државни хартии од вредност. Патем со ребалансот на буџетот најави дека ќе го зголеми долгот за дополнителни 150 милиони евра.

Ова е резултатот од расипничкото и неодговорно работење на владата на СДС. Дневно ја задолжуваат државата за повеќе од 1,5 милиони евра, а притоа нема никаков ефект, нема проекти, нема отпочнување или довршување на канализации, водоводи, училишта, градинки, патишта.

Ете ова е лицемерието на СДС. Додека беа во опозиција ја зборуваа дека нема да се задолжуваат, а сега го прават обратното.

Трошат пари безмилосно, а граѓаните од тоа немаат никаков ќар.

Ниту министерот за задолжување Тевдовски, ниту Зоран Заев не даваат логично објаснување која е целта на повлекувањето на 126 милиони евра од девизните резерви или зошто се издаваат над 100 милиони евра државни хартии многу повисоки износи од доспеаните износи за исплата.

Очигледно неспособноста на СДС граѓаните скапо ќе ја плаќаат. Ако за два месеци вака работат, тогаш само можеме да претпоставиме кога ќе ни се случи грчко сценарио“, изјави Лилјана Кузмановска.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Владата прави ребаланс на буџет по нарачка на стопанските комори

Собранието го донесе ребалансот на Буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николова: ДПМНЕ одбива амандмани и не сака да зборува за министерката и долгот од милион евра кон МЕПСО

Јанкуловски: Со ребалансот финансиски го консолидираме стопанството, ќе продолжи зголемувањето на платите и пензиите

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитриеска Кочоска: Буџетот е оштетен за повеќе од 32 милијарди денари

Катерина Ѓуровски

МФ: Усвоен Буџетот за 2024 во Собранието, носи инвестиции, развој и одржливост