ВМРО-ДПМНЕ: СДС не треба да зборува за економија

Од:

„Домаќинлукот на СДС отиде со едно евро за Вицето

Цела Македонија го виде домаќинлукот на СДС. Домаќинлукот на СДС најубаво е изразен во реченицата „едно евро за Вицето, едно евро за црквата“.

СДС е најголемата штета што некогаш и се случила и може да и се случи на македонската економија, СДС во текот на своето управување со македонската економија покажа како не треба да се води една национална економија.

СДС остави над 200.000 луѓе без работа, затвори 684 фабрики, празни рафтови по продавниците и недостаток на продукти. Едноставно кажано економија на работ на ликвидноста.

СДС е партија која треба да се срами да го спомне зборовите економија и развој, бидејќи стапката на невработеноста во време додека ја водеа државата беше енормни 38%.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со своите квалитетни економски мерки успеа да отвори над 170.000 нови работни места со што невработеноста од некогашните 38 % во времето на СДС ја симна на 23.1%.

Квалитетната економска политика која ја водеше владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатиов период ја рангираше државата во десетте најдобри економии во светот, а меѓу петте најдобри во Европа, според извештајот Doing Business на Светска банка.

СДС е вистинска временска непогода за македонската економија. СДС единствено го гледа својот личен профит и интерес“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николоски од Гевгелија: Во исто време се градат 10 спортски игралишта, така ќе продолжиме да работиме веднаш по формирање на новата влада

А1он

Мицкоски: Тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд, затоа повикувам на будност и внимание

А1он

(ВИДЕО) Ковачки: Ветуваме реконструкција на пругата Кочани – Велес

А1он

Дафина Стојановска: Народот доаѓа по она што Али и Груби му го одзедоа

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплатил помош да гласаат за него

А1он

Мицкоски: По осми мај започнува трансформација на Македонија со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ