ВМРО-ДПМНЕ: Просечната плата УЈП ја извлекле од селективен примерок, а не врз основа на целокупната база

Од:

Светлана Карапетрова од ВМРО-ДПМНЕ во изјава за медиумите рече дека просечната плата во Македонија не се покачува, а власта со промена на методологијата лаже/

– Имено како што посочивме, а како што потврдија и експертите, УЈП под крајно нејасни критериуми извлекло просечна плата повикувајќи се на селективен примерок, а не врз основа на целокупната база која ја поседува. Тоа значи дека примерокот е извлечен врз основа на субјективност со цел да се угоди на Владата предводена од СДСМ, за да се покаже нереално покачување на просечната плата. Дали со ваквата методологија се избегнуваат сите меѓународни и Еуростат стандарди со цел економската катастрофа на народот да му се прикаже како економски напредок, иако Македонија ја заврши 2017 со 0 раст на БДП, додека сите земји во регионов и во Европа имаа забележителен напредок. Станува се појасно дека власта се обидува да го сокрие падот на индустријата во голем број гранки, растот на трошоците за живот и цените, и паѓањето на стандардот на граѓаните, рече Карапетрова.

Таа запраша дали примерокот е избран случајно или тенденциозно, па во него влегле плати во добро платени компании, администрацијата, а биле изземени малите претпријатија кои вработуваат најголем дел од граѓаните.

– 24 илјади денари можеби е просечна плата, но не во државата, туку во партиската економија на СДСМ. Примерот е многу едноставен, ако се извлече примерок во УЈП од платите на Заев, Тевдовски, Анѓушев и ергелата советници околу нив и на тоа се додадат платите на директорите на фирмите и скапо платените мегафони на СДСМ, тогаш просечната плата која на некоја идна прес конференција ќе ја престави Тевдовски може да изнесува и 65.000 денари. Но тоа нема да значи дека огромното мнозинство на граѓани има приближно толкави примања. Ова е скандалозно, бидејќи ако се работи за тенденционо, субјективно, селективно и манипулативно пресметување на просечната плата, тогаш тоа се вика класична измама, рече Карапетрова.

Таа додаде дека на граѓаните не им се потребни шминки и бомбастично објавувани податоци за да знаат дали живеат полошо од минатата година.

– Впрочем граѓаните на своја кожа најдобро ја чувствуваат катастрофалната економска политика на СДСМ, Заев, Анѓушев и Тевдовски кои на колена на клекнаа економијата, и кои доведоа до тоа стандардот на граѓаните од ден во ден да опаѓа, рече Карапетрова.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, неврохирургот на Заев и 40 потрчковци е само синоним за починати граѓани и криминал

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Поради криминалното работење на СДС и ДУИ во енергетскиот сектор, граѓаните плаќаат скапа електрична енергија

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски