ВМРО-ДПМНЕ: Платите во државата растат, но само за роднините на функционерите од власта

Од:

Ако СДСМ продолжи со ова темпо да ги вработува ќерките, синовите, браќата, мајките, тетките, стрините и останатите роднини, на високи позиции во државната администрација, просечната плата веројатно ќе продолжи да расте, но право пропорционално со тоа ќе осиромашуваат граѓаните и државата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на министерот за финансии, Драган Тевдовски.

„Платите во државата растат, но само за роднините на функционерите од власта, за сите други паѓаат.

Трошоците за живот од месец во месец се се повисоки, а граѓаните тоа го чувствуваат по нивниот џеб. Над 500 илјади граѓани живеат на прагот на сиромаштија и едвај врзуваат крај со крај, а власта ништо не презема.

Државата оди кон дното, власта само во последната година задолжи нови скоро половина милијарда евра, пари кои ќе треба да ги враќаат идните генерации. Со тоа јавниот долг надмина 50%.

Заев и Тевдовски ја доведуваат под знак прашалник состојбата на државата да може навремено да го сервисира долгот.

Во услови кога министерството за финансии рапидно ја задолжува државата, нивото на капитални инвестиции минатата година беше 65%, што е историско најниско ниво на реализација.

Тевдовски се покажа како најнеуспешен министер за финансии. Тевдовски спроведува катастрофална финансиска политика, а ефектите од истата ќе се чувствуваат и по години од сега“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Левица и Апасиев декларативно беа против извршители, а на дело од нив купуваат одземен имот од граѓани

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не може да престане да лаже, сопственикот на џипот е казнет

(ВИДЕО) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка шири паника и манипулира пред избори

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Крива Паланка кривично да одговара за лагите

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче е продолжение на црнилата, криминалот, предавствата и поразите на Зоран Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Прочитани се синдикалците на батерии како Иван Пешевски