ВМРО-ДПМНЕ: Со нула проценти раст, нема пари во буџетот за проектите на Заев во здравството

Од:

ВМРО-ДПМНЕ реагира на изјавите на премиерот Зоран Заев на тема здравство.

„Зоран Заев повторно ги лаже граѓаните.

Според најавите на премиерот, буџетот за бесплатно болничко лекување на пензионерите ќе изнесувал 7.6 милиони евра или околу 440 милиони денари.

Ако на таа сума се додадат и долго најавуваните:
– плата од 100.000 денари на докторите, што е околу 1.5 милијарди денари на годишно ниво
– за 100% повисока плата на останат медицински персонал, што значи за околу 6.8 милијарди денари годишно поголем буџет,
– воведување нови лекови на позитивна листа што толку ги најавуваа (околу 250 милиони денари годишно)
– и фамозниот нов Клинички центар од речиси половина милијарда евра

Тоа се вкупно околу 10 МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ кои дополнително треба да се предвидат во буџетот за здравство, или едноставно кажано тоа е речиси половина од буџетот на ФЗОМ.

Со нула проценти економски раст, пари во распничкиот буџет за овие проекти нема. За СДСМ е поважно да се набавуваат луксузбни возила од фирмите донатори на партијата. За жал неспособноста на СДСМ во здравството ја плаќаат граѓаните со своите животи.

Оваа ненародна власт мора да си замине. Македонија ќе победи“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад