ВМРО-ДПМНЕ: Николовски заборави на ветувањето за субвенции за оризот

Од:

„Министерот Николовски заборави и на своето ветување додека беше во опозиција кога ветуваше субвенции од 25 денари по килограм за оризовата арпа и 50 денари за килограм бел ориз.

Владата на СДСМ продолжува со својата негрижа за земјоделците. Владата наместо да им помага на земјоделците им помага на откупувачите. Со новата субвенција од 5 денари за килограм произведена и предадена оризова арпа во регистрирани откупувачи парите повторно ќе завршат кај откупувачите, а земјоделците ќе останат без пари и државна помош. Со ваквиот метод на владина поддршка откупувачите ќе ја намалат цената на откуп.

Со оглед на досегашното искуство прашање е и дали воопшто ќе има откуп, имајќи ги во предвид претходните контроли за наводен ГМО ориз кој нанесе огромна штета на брендот на кочанскиот ориз што директно влијаеше на пласманот односно на продажбата.

Министерот не се грижи за потребите и решавање на проблемите на земјоделците. Министерот треба да знае дека во Македонија ниту се произведува сертифициран ориз, ниту се увезува за земјоделците да можат да ги искористат оние дополнителни 3000 денари помош.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува министерот да соопшти колку килограми ориз се откупени со воведувањето на оваа мерка затоа што сме сигурни дека таа нема да има никако ефект како што немаше и со претходните негови безнадежни мерки за зелката, сливата и праската“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на министерот Љупчо Николовски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН на прва средба за формирање на владата

Катерина Ѓуровски

Првата средба за договор за Влада, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ќе ја имаат утре

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата