ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на СДСМ ја чини РЕК Битола 1 милион евра за само три дена

Од:

„Неспособноста на СДСМ ја чини РЕК Битола 1 милион евра за само три дена. Три дена надвор од употреба е блокот 1 во РЕК Битола.

Испаѓањето од употреба на блокот 1 се должи на партизацијата на СДСМ на РЕК Битола. Оваа власт ги премести долгогодишните професионалци кои менаџираа со блокот и на нивно место донесе партиски војници кои ја немаат потребната стручност за да управуваат со блокот.

Само исклучувањето и вклучувањето на еден блок во РЕК Битола ја чини државата 200.000 евра, дополнително со секој ден не работа имаме 240.000 евра штета“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Поради аматеризмот на власта блокот 1 десетици пати испаѓа од употреба откако СДСМ е на власт. Штетите по државата се огромни. Парите наместо на нови проекти одат на санирање на штетите од неспособноста на СДСМ.

Очигледно СДСМ скапо ја плаќа обуката на партиските војници па со неколкукратното гасење на блокот 1 сака да ги научи партиските војници како да го исклучуваат и вклучуваат блокот 1. Но очигледно тешко им оди учењето бидејќи на испадите им нема крај.

СДСМ мора да си замине. Државата не е полигон за вежбање. Парите на граѓаните не се берат од дрво. Аматеризмот во управување со државните ресурси мора да запре“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Почнаа обвинувањата меѓу досегашните партнери: Тарaвари се интересирал за бизниси, Груби и Заев

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза, бара ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Манасиевски: Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината

Веќе нема да требаат сертификати за странски јазик за директори, ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка на нивните неспособни членови, обвинува Левица

Катерина Ѓуровски